Вработените во Фондот за здравство денеска излегуваат на протест.
Причина за незадоволството кај работниците велат дека е неусогласувањето на платите со растот на минималецот, а бараат и разрешување на управниот одбор на Фондот.
Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на Фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата.