ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Протест на вработените во Фондот за здравство

Протест на вработените во Фондот за здравство

68

Денеска во 11 часот вработените во Фондот за здравство повторно ќе излезат на предупредувачки протест поради незадоволството за неусогласувањето на платите со растот на минималната плата, соопшти Синдикатот на УПОЗ. Вработените бараат и разрешување на управниот одбор на Фондот.

Управниот одбор на ФЗО во петокот не донел одлука за зголемување на платите за 2.600 денари, како и досегашниот бод за пресметка на плата да важи и од 1-ви јуни. Вработените бараат нов управен одбор кој ќе дозволи да се усогласат платите на вработените, односно примањата да не им се намалуваат од 1-ви јуни.

Вработените во ФЗО штрајкуваа и пред три месеци, но штрајкот беше ставен во мирување по одлуката да не им се намалат платите.