Главни говорници на Шарената револуција беа активисти, граѓански организации и различни важни луѓе од нашето општество. За сето ова време не беше лесно, затоа што режимот ја користеше режимската полиција, тие уапсија многу луѓе, затворија, им се закануваа на децата на семејствата и беше навистина страшно, но, имајќи ги предвид сите дискусии, овде имаме една многу голема среќа – ја најдовме пукнатината на режимот и ја искористивме за борба против режимот, продолжувајќи со алатки за ненасилство, со многу трпение, со блокади на сите улици на главниот град на Северна Македонија, Скопје, но и низ целата земја, а пукнатината беше – ние заедно со неколку многу храбри луѓе најдовме нелегални материјали за снимање околу 20 илјади луѓе во државата, рече поранешниот премиер Зоран Заев во своето обраќање на конференцијата People Power Academy во организација на невладината организација Канвас.
Тој додаде дека по откривањето на нелегалните материјали во јавноста се објавуваа политички бомби, секој трет или секој четврти ден.
– Успеавме да ја ставиме владата на преговори тогаш и тие ги прифатија сите наши услови што значат нов јавен обвинител, нов менаџмент на јавниот радиодифузен сервис, нашата национална телевизија, технички министер за внатрешни работи, кога ќе се случат избори сто дена пред тоа, технички министер доаѓа од опозицијата и од организациите заедно, исто така министер за социјална заштита и три заменици министри за земјоделство, администрација и финансии. Да имаме шанса да контролираме и да имаме шанса да се бориме против режимот на демократски начин преку избори и ние да успееме. Во 2016 година имаше избори, ние победуваме на овие избори и секако дека имаме мнозинство за промена на власта – рече Заев.
Како политичар, затоа што бев градоначалник и еден од водечките луѓе во најголемата опозициска партија СДСМ, додаде тој, се здруживме со граѓански активисти, со обични луѓе, со академска заедница, со неколку независни новинари, затоа што довербата кон политичарите беше многу ниска, секаде, така што дефиниравме неколку критериуми како ќе постапиме заедно.
– Договоривме три основни критериуми и тоа беше пресудно да се обезбеди основата за издигнување, прво дека Шарената револуција не е насилно движење, второ, дека целта на движењето е да го собори режимот на Груевски во Македонија и дека Шарената револуција е партиципативен модел, дека никој нема монопол над движењето. И се трудевме да се разбереме и се трудевме да се цениме затоа што имаше голем ризик. Јас лично бев уапсен, многу новинари беа апсени сите овие години и режимот растеше низ годините, а ние го започнавме најголемиот митинг што го гледате овде, најголемиот беше на 17 мај 2015 година, повеќе од 100 илјади луѓе – рече Заев.
Тој рече дека бил еден од водечките активисти и водечка личност на протестот и Шарената револуција во Северна Македонија.
– Тоа беше време кога се боревме за слобода и демократија и после тоа време требаше да ја спроведеме таа слобода и демократија, ќе се обидам да споделам некои искуства поврзани со тоа. Ова се најважните и водечките личности на нашата Шарена револуција, секако и многу од нив беа со нас во сите овие тешки времиња. Северна Македонија брои два милиони граѓани, во срцето на Балканот, поранешна југословенска република, југоисточна Европа, мултиетничка земја, земја со повеќе религии, мултикултурна земја и не е лесно да се управува со сите овие разлики во земјата, мислам на луѓето, не само како политичарите – рече Заев.