ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле...

СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг

98

Социјалистичката партија на Македонија цени дека обидите на СДС и ДУИ да го прогласат првиот изборен круг на претседателските избори како да не постои е безобразен и срамен начин за игнорирање на народната воља.

Од партијата велат дека предизборната кампања и реторика на власта е полна со црнила и клеветење на опозицијата со што сака да ја намали нејзината популарност кај народот.

-За среќа умниот народ ги прочита СДС и ДУИ и резултите од претседателските избори го потврдуваат тоа, ги поразија со пенкало и со силна воља за промени. Срамни се обидите на Ковачевски, Битиќи и сите околу нив да ги убедат граѓаните дека грешеле, ама може да се попраават, небаре Македонија е изборен експеримент каде овие лажговци може да си играат и да крадат. Медиумските платеници во функција на СДС и ДУИ настојуваат да прикажат секакви фактори на влијание за поразот, но не и лошите политики, криминалот и корупцијата на власта која бара доверба за да продолжат „како до сега“, со секакви манипулации да ја погазат народната воља, се вели во соопштението на партијата.

Социјалистичката партија на Македонија повикува на масовна излезност на 8 мај и гласање за Коалицијата „Твоја Македонија“ која единствоено има сила и моќ за промени и за просперитет и развој на државата.