ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Тасев за ТВ 24: Не верувам во сценариото за бојкот на претседателските...

Тасев за ТВ 24: Не верувам во сценариото за бојкот на претседателските избори

116

Се коваат ли нови сценарија за вториот круг претседателски избори? Битката за Вила Водно, реториката станува жестока. Дали кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ќе бараат поддршка од гласачите на останатите кандидатите кои не успеа да влезат во вториот круг?

СДСМ се убедени дека може да се случи пресврт, додека пак ВМРО-ДПМНЕ зборува за црни сценарија кои ги подготвуваат партиите од власта. Како едно од сценаријата кое се спомнува од аналитичарите е бојкотот на претседателските избори во вториот круг, со што не би имало цензус за избор на претседател. Проценката на дел од аналитичарите е дека сепак нема да случи бојкот.

„Ако СДСМ е тој што би го правел бојкотот, треба да погледнеме дека ова партија која изминатиов период устата и е полна со Европска Унија и демократија и дека Македонија нема време за чекање-евентуалниот бојкот не би бил пораз на ВМРО-ДПМНЕ туку би бил уште поголем пораз на СДСМ и тоа ќе докаже дека партијата наместо да го зачува својот дигнитет при поразот, има уште поголем пад и дека партијата оди кон распаѓање. Дури и албанските партии, не би требале да размислуваат за бојкот, заради тоа што допрва во Македонија треба да се формира Влада.“ – изјави тасев.

Тасевски посочува дека и сценаријата за евентуалниот бојкот би значеле да се изигра и јасно определената волја на граѓаните на првиот круг претседателски избори.

„Сценариото за вториот круг претседателските избори, граѓаните веќе го испишаа на 24-ти април, кога јасно беше определена волјата, јасно беше определена излезноста на граѓаните.“ – вели Тасев.

Вториот круг на гласање ќе се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори. За претседател се избира оној, кој ќе добие мнозинство гласови од избирачите кои гласале, односно повеќе од 40% од избирачите. Доколку и во вториот круг, ниту еден од кандидатите не го добие потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.