ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Андреј Петров: Признаваме дека ВМРО-ДПМНЕ направи подобар резултат

Андреј Петров: Признаваме дека ВМРО-ДПМНЕ направи подобар резултат

260

Анализирајќи ги изборните резултати во емисијата КЛАН дебата со Љубиша Николовски ,Андреј Петров од СДСМ посочи дека не може да се пресликуваат претседателските со парламентарните избори.

,,Едните се избори според мнозинскиот а другите според пропорционалниот модел.Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи добар резултат. Во вториот круг ќе го дадеме целиот капацитет, затоа што Македонија заслужува да избере претседател. Граѓаните не ги препознаа нашите политики и затоа не казнија но ние ќе се бориме за секој глас, не се предаваме. Вие и да упатите порака тоа не значи дека ќе ја почитуваат. Најдемократски и најлегитимно е луѓето сами да одлучат за кој ќе го дадат граѓаните својот глас”, рече Петров.

Никола Мемов од ЗНАМ порача дека тие како партија сакаат да го елиминиразт т моментум на давање на гласови и пазарење на функции.

,,Ако некој е експерт за криминал и корупција тоа се двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Резултатот на ВМРО ДПМНЕ не се однесува на тоа што оваа партија направила во изминатите години. Тие се на власт во општините. Корупцијата е и таму присутна. Затоа, ние нема да ги повикаме нашите гласачи да гласаат за некој од двајцата претседателски кандидати”.

Игор Јанушев од ВМРО ДПМНе се осврна на владеењето на СДСМ и ДУИ во изминатите осум години.

,,Криминалот и корупцијата се тема број 1 во Македонија. Она што не очекува после 8 мај е серизона борба. Оваа власт не правела буквално ништо, нема учебници, лекови, нема изградено ниту еден инфраструктурен објект.

Членовите на ЗНАМ беа речиси 7 години дел од СДСМ и молчеа тогаш.Граѓаните сега гледаат како се води државата на централно и на локално ниво, токму затоа граѓаните ја видоа разликата и гласаа за Гордана Силјановска Давкова”, рече Јанушев.

Аналитичарот Фаризи очекува ВЛЕН да има повеќе гласови во вториот круг.

,,Во 2016 година СДСМ дојдоа на власт заедно со ДУИ со цел да имаат 61 пратеник. Надежта тогаш беше голема, но подоцна после 2019 година гласовите на СДСМ почнаа да се намалуваат. ДУИ стана синоним за криминал и корупција. Ќе беше подобро во 2021 година Заев кога си даде оставка да се распишат и предвремени парламентарни избори. ВЛЕН прават свои калкулации како да ја поддржат Силјановска во вториот круг. Јас не сум видел некоја изјава од Мицкоски или од други раководни лица на партијата да ги навредуваат Албанците. Клиентилистите не познаваат нација или фобија.

ВЛЕН треба да направи добри анализи. Се покажало во минатото дека албанец може да гласа за македонец и обратно. Верувам дека во ВЛЕН ќе има мудрост и некој ќе направи добри проценки кого ќе поддржи за претседател на 8 мај”, рече Фаризи.