ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Пендаровски победи во Пекинг, Силјановска-Давкова во Њујорк, Османи во Загреб – како...

Пендаровски победи во Пекинг, Силјановска-Давкова во Њујорк, Османи во Загреб – како гласаше дијаспората

660

Интересно од гласањето во Љубљана е тоа што „изборната битка“ се водела меѓу двете жени кандидати – Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и Билјана Ванковска-Цветковска од Левица. Кандидатката поддржана од Левица таму освоила 34 гласа, што е, пак, за 13 гласа повеќе од оние што ги добил кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски. Силјановска-Давкова, сепак, освоила најголем дел од гласовите во Љубљана или 52.

Откако ги обработи податоците од гласањето на првиот круг од претседателските избори во општините низ земјава, Државната изборна комисија (ДИК) денеска на веб-страницата rezultati.sec.mk почна да ги објавува обработените податоци од дел од градовите каде што гласа македонската дијаспора.

Според обработени 59,52 проценти од избирачите и 58,06 отсто од избирачките места во македонските Дипломатско-конзуларни претставништва (ДКП), кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, освоила 244 гласови. Втор по број на освоени гласови на првиот круг од претседателските избори според гласањето на македонската дијаспора, е кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, со освоени 104 гласa.

Кандидатот на коалицијата „Европски фронт“, Бујар Османи, според досега обработените гласачки места во странство, освоил 77 гласови. Следна е кандидатката на Левица, Билјана Ванковска-Цветковска, со 91 глас.

По нив, според досега обработените податоци, следуваат Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ со освоени 44 гласа, кандидатот на коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари, со 16 гласа. Најмалку гласови од седумтемина кандидати, како и на гласањето во земјава, така и во странство, освоил Стевчо Јакимовски, односно 12.

Кандидатот на СДСМ е во предност според бројот на освоени гласови во однос на останатите кандидати во Пекинг и Вашингтон. Во Пекинг освоил четири гласа, а во Вашингтон за него гласале 13 македонски државјани.

Силјановска-Давкова, пак, предничи пред останатите претседателски кандидати во Виена, Њујорк, Софија, Венеција, Бон, Стокхолм, Детроит, Хаг, Чикаго, Лондон, Љубљана и Прага.

Македонската дијаспора во Загреб најголем дел од своите гласови му дала на кандидатот на коалицијата „Европски фронт“ на ДУИ, Бујар Османи. Од останатите градови во странство за кои ДИК има обработено податоци, Османи според бројот на освоени гласови предничи во Торонто и во Осло.

Интересно од гласањето во Љубљана е тоа што „изборната битка“ се водела меѓу двете жени кандидатки – Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и Билјана Ванковска-Цветковска од Левица. Кандидатката поддржана од Левица таму освоила 34 гласа, што е, пак, за 13 гласа повеќе од оние кои ги добил кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски. Силјановска-Давкова, сепак, освоила најголем дел од гласовите во Љубљана или 52.