ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Над 30 отсто од гласачите го оствариле правото во Делчево и Македонска...

Над 30 отсто од гласачите го оствариле правото во Делчево и Македонска Каменица до 15 часот

67

Во Делчево и Македонска Каменица до 15 часот во првиот круг од претседателските избори, правото на глас го оствариле 7.599 граѓани. Процентот на излезеност до 15 часот во Делчево изнесува 37 проценти, додека во Македонска Каменица – 33, 68 отсто.

– Во Делчево до 15 часот имаат гласано 5.362 гласачи, што е вкупно 37 проценти. Гласањето се одвива во најдобар ред без никакви проблеми, соопштија од ОИК Делчево.

Во Македонска Каменица до 15 часот гласале 2.237 лица.

– Процентот на граѓани на Македонска Каменица кои го искористиле своето право на глас до 15 часот, на првиот круг од претседателските избори, изнесува 33,68 отсто, информираа од ОИК Македонска Каменица.

Гласањето се одвива без проблеми и во оваа општина.