ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Јакимовски призна пораз: Со среќа нека ви биде изборот, честитки до Сиљановска-Давкова

Јакимовски призна пораз: Со среќа нека ви биде изборот, честитки до Сиљановска-Давкова

301

Претсдедателскиот кандидат Стевчо Јакимовски, кој според првичните неофицијални резултати, има освоено најмал број на гласови во однос на своите шест противкандидати, го призна поразот.

„Со среќа нека ви биде изборот. Го признавам поразот на овие избори и и честитам на водството на Гордана Силјановска Давкова и да и посакам среќа во вториот изборен круг. Далеку се резултатите се задоволувачки, далеку се од очекувањата, но битно беше дека граѓаните имаа избор и бираа помеѓу седум кандидати.

Дали граѓаните биле во право, ќе видиме после 5 години, се надевам дека ќе бидеме сите живи и здрави“ рече предмалку на прес-конференција претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.