Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва од митингот на плоштадот „Македонија“, упати порака до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да не започнува кавга и проблеми.
– Јас патував малку подолго и одвај чекав да дојдам тука кај вас за да му кажам неколку зборови на Христијан Мицкоски. Христијан Мицкоски е пораснат со гурабии, Христијан Мицкоски е пораснат со кекси (бисквити). Јас сум пораснат во кула од камен што три пати е изгорена од поробувачите. Христијан, мојот народ вели камењата еден врз друг стануваат tvrdina, а зборовите се мерат бидејќи со нив почнуваат и кавги и неволји. Немој да започнуваш беља! Мери ги зборовите затоа што си млад! – рече Ахмети.
Ахмети рече дека Еврпскиот фронт можеби некому му е малку досаден затоа што овие млади луѓе викаат УЧК, но УЧК е она што ја направи Македонија, а ги направи и најмалите заедници со идентитет.
-И покојниот (Борис) Трајковски беше благодарен што УЧК го призна идентитот. УЧК беше ослободител, така што денес сопствениците се господари во своите домови. Ние никогаш не сме сакале туѓо, но за нашето се боревме и пролеавме крв. Затоа, добро да ги измериме зборовите бидејќи оваа земја има свое место во Европа и таму можеме само заедно да одиме. Минатото е болно, и не треба да се заборави, но треба сите да се бориме ова минато да не се повтори, но да видиме како да ја градиме иднината – рече Ахмети.