Црвена Звезда и Партизан вечерва на „Рајко Митиќ“ од 18 часот ќе го одиграат 173. најголемо дерби на српскиот фудбал.
На денот на натпреварот во центарот на Белград се степале навивачи на два клуба – Делија и Гробари.
Според српските медиуми, во нередите учествувале околу 300 навивачи на Звезда и исто толку навивачи на Партизан. Наводно се слушнале и истрели. Според дел од медиумите има повредени и навивачи и полицајци.
Beograd(centar)pred derbi pic.twitter.com/Na7MOheMEI
— DELIJE SEVER (@DELIJEDelije_) April 20, 2024