ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Три лица фатени со алат за копање на армискиот полигон Криволак

Три лица фатени со алат за копање на армискиот полигон Криволак

128

Вчера полицијата привела три лица кои биле затекнати на армискиот полигон Криволак со алат за копање.

„На 14.04.2024, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Б.А.(49) од с.Никуштак, општина Липково, Р.М.(49) од с.Вакуф, кратовско и Б.А.(36) од с.Орланци, скопско. Од припадници на армијата тие биле затекнати со патничко возило „сеат алхамбра“ со скопски регистарски ознаки во армискиот полигон Криволак. При преглед во возилото биле пронајдени металдетектори и скенер за вршење археолошки истражувања и алат за вршење ископ“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.