ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Силјановска-Давкова: Говорот на омраза не доликува на ниту една сериозна партија, а...

Силјановска-Давкова: Говорот на омраза не доликува на ниту една сериозна партија, а воопшто не на социјалдемократска

73

„За мене, возраста како и во антиката, значи мудрост, значи знаење, искуство, а мислам дека многу успешни претседатели имале бела коса и биле успешни. Не плашете се за мене, јас сум добро и физички и психички“, порача кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

Говорот на омраза не доликува на ниту една сериозна партија, ама не доликува воопшто на социјалдемократска партија. Тоа е говор на некоја крајна десница што се служи со патријархалност и парохијалност, па така гледа на жените и на возрасните.

Ова беше коментарот на кандидатката за шеф на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, во врска со синоќешниот митинг на нејзиниот потивкандидат поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, на кој еден од граѓаните, како што претходно обвинија од ВМРО-ДПМНЕ, упатил сексистички навреди кон неа кои се однесуваат на возраста и полот на кандидатката.

„За мене возраста како во антиката значи мудрост, значи знаење, искуство, а мислам дека многу успешни претседатели имале бела коса и биле успешни. Не плашете се за мене, јас сум добро и физички и психички. Орна сум за дебата ама нема кандидати за дебата. Само најавуваат, најавуваат и никако да се појават таму каде што ни е местото, пред одговорни новинари“, рече Силјановска-Давкова на вечерашниот митинг во Прилеп.

Меѓу правниците, додаде таа, се вели дека има дела со чинење и дела со нечинење.