ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА 12 години никаде го нема Ангел – киднаперите отслужија казна затвор и...

12 години никаде го нема Ангел – киднаперите отслужија казна затвор и се преселија во Словенија

163

Веќе 12 години, Ангел Стојанов од Велес никаде го нема, не се наоѓа ни меѓу живите, ниту меѓу мртвите.

Ангел исчезна на 7 март 2012 година, на возраст од 25 години, а зад себе остави две деца.

Тој беше претепан и киднапиран, по што се губи секаква трага. Киднаперите беа откриени, но убиство не се докажа бидејќи според законите ако нема тело, не може да се одговара за убиство.

Полицијата ги откри киднаперите, се работи за соседи на Ангел, Перо и Борис Нацеви кои го начекале на пазар, го претепале и го ставиле во багажникот од нивниот автомобил.

Тие го оставиле покрај реката Бабуна, на оддалеченост од околу 13 километри.

Синот и таткото завршија во затворот „Идризово“ каде отслужија казна од 9 години за киднапирање, по што излегоа на слобода и се преселија во Словенија.

ПретходнаИран: Ако САД им дадат поддршка на Израел, ќе напаѓаме американски бази
Следна(ФОТО) За прв пат од почетокот на војната, голем број пекари во градот Газа повторно отворени – утринава имаше долги редици