ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Петрова: Поништен огласот за вработување на 1.117 здравствени работници

Петрова: Поништен огласот за вработување на 1.117 здравствени работници

149

Огласот за вработување на 1.117 здравствени работници е поништен, соопшти денеска Елена Петрова, дополнителен заменик-министер за финансии и според неа, со ова е дојдено до разрешница на огласот наменет за медицинските лица кои се или биле ангажирани со договор на дело.

Таа информираше дека за поништување на овој оглас ја известиле синдикалните претставници Боби Бојчевски, национален координатор во Независниот синдикат на здравствени работници, Гоце Делчев Тодев и Марјан Ристески од Конфедерација на синдикални организации на Македонија.

Според Петрова, „ова се надоврзува на информациите кои таа ги објавила во јавноста претходно, а тоа е дека во Буџетот за 2024 година не се обезбедени средства за бруто плата за 1.117 здравствени работници“.

-Ако здравствените власти и сите министри за здравство биле искрени и фер, ќе го решеле статусот на работниот однос на здравствените работници многу одамна, не оставајќи ги со години како „договорци“ – вели Петрова.