ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Цените на јагнешкото се зголемија и имаат нагорна тенденција

Цените на јагнешкото се зголемија и имаат нагорна тенденција

774

Телевизија 24 направи обиколка по дел од месарите. Можевме да забележиме дека во сите има јагнешко месо. Интересот засега не е голем за кујпување на јагнешките меса но, заинтересираноста ќе се зголеми после десетина дена како се наближува празникот. Засега цена е 599денари а месарите најавуваат да биде околу 700денари.

„За Велигден како ќе биде цената.Велигден годинава се паѓа малку покасно, така да јагнето главниот извоз кој што беше во моментот, значи до први април. Сега нашиот Велигден е скоро еден месец разлика. Така да цената на јагнето би била малку повисока од моментов. Па ајде грубо да речеме би достигнала негде околку 700денари. “

Јагнето и оваа година ќе биде луксуз на трпезата велат граѓаните кои што денеска ги анкетиравме.

Сточарите кои ги контактираше телевизија 24 велат дека за Велигден ќе има довлно јагниња на македонскиот пазар. Иако од овој бизнис веќе подолго време тие не се задоволни во однос на заработката, сепак велак дека тоа им е единсвениот начин за егзистенција, досега сточарите велат дека за каталичкиот велигден биле извезени од земјава околку 80 илјади ганиња најмногу на италијанскиот пазар каде цената на јагнето во месарите се движи од 15 до 20 евра за еден килограм.

„Нашата цена е 220, максимално до 240денари оди, што со самиот рандаман нели од 50 отсто што е или 40. од 45 до 50 отсто е рандаманот на јагнето. Така да цената би требало да биде, би требало да биде во месарниците не поголлема од 450 денари“, вели Јанков Митко – претседател на Ан агро центар од Велес.

Во Македонија редовна пракса е не само јагнешкото месо туку јајцата , овошјето, зеленчукот да добијат нова повисока цена за време да празничните денови.

ПретходнаПетрова: Поништен огласот за вработување на 1.117 здравствени работници
СледнаПресретнавме 99 отсто од 300 проектили, тврди Израел