ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Локализиран пожарот кај селото Негрево

Локализиран пожарот кај селото Негрево

36

Пожарот што попладнево избувна во атарот на пехчевското село Негрево, е локализиран. Во акцијата за гаснење на пожарот учествувааа доборволци од пехчевското противпожарно друштво, од каде информираа дека во пожарот зафатена е нискостеблеста шума и сува трева.

-Покрај екипа на Доброволното противпожарно друштво Пехчево во гаснењето учествуваше и екипа на ПШС „Равна Река“ Пехчево. Пожарот беше во пределот на село Негрево, каде изгоре поголема површина сува трева и нискостеблеста шума, истакнаа од ДПД „Пехчево“.

Апелираа на поголема одговорност на населението, со напомена да не се пали оган на отворено.

-Упативаме на поголема одговорност на граѓаните, да не палат оган на отворено, бидејќи лесно може да ни се повтори ситуацијата од пред неколку години, додадоа од ДПД „Пехчево“.

ПретходнаЖичницата на Водно утре нема да работи поради технички зафати
СледнаНајдобри трикови за чистење на казанчето во тоалетот