![maksim-znam](https://citaj.mk/wp-content/uploads/2024/04/maksim-znam.png)
Притисоците не престануваат туку, како и што очекував, се интензивираат, сподели кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој е и кандидат за претседател од неговата нова партија ЗНАМ, кому му е поднесена нова кривична пријава, овојпат за Неизвршување на судска одлука.
Ваквите постапки не ме обесхрабруваат туку дополнително ме мотивираат да го демонтираме овој режимски систем.
Ќе има и правда а ќе има и мир а непристрасните професионалци ќе добијат шанса да изградат и правен и функционален државен систем, порача Димитриевски.