„Неговите изјави вчера се правно толкување дека „не може да докажат дека сум нападнал полицаец, не можат да докажат дека сум имал пиштол во кола, но не демантира ништо и практично потврдува“
Латас: Според агенцијата за медиуми Фуркан не е новинар. Според мене поголем проблем е носењето пиштол со себе и тоа со наполнет шаржер. Во ниту еден случај освен лице што врши посебни обрвски или има дозвола со закон утврдена може надвор да излезе со оружје, особено со наполнет шаржер. Неговите изјави вчера се правно толкување дека „не може да докажат дека сум нападнал полицаец, не можат да докажат дека сум имал пиштол во кола, но не демантира ништо и практично потврдува.
Дечкото е провокатор, новинар од типот на Саше политико, оди им става на луѓето микрофони и чека провокација за потоа да го наполни својот сајт. Не гледам сето ова каква врска има со претстојните избори. СДСМ први го отворија случајот и со политичко значење и ЗНМ. ЗНМ дванаесет години се буни против тоа порталите да бидат третирани како медиуми според законот за медиуми. Од каде тогаш Фуркан е новинар, ако работи за портал?