ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Многу рано, започна црната кампања: Запален билборд на Таравари во Скопје

(ВИДЕО) Многу рано, започна црната кампања: Запален билборд на Таравари во Скопје

106

Ноќеска во Скопје е запален билборд на кандидатот за претседател на коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари.

Од коалицијата ВРЕДИ порачаа дека виновниците мора да бидат казнети со закон, затоа што, како што велат, ќе бидат тешко казнети и со гласање. Билбордот веднаш ќе биде заменет, но тие ќе изгубат, додаваат од коалицијата.

„Денеска на полноќ бевме известени дека бил опожарен еден билборд од кандидатот Арбен Таравари на улицата кај Зоолошката градина во Скопје. Би сакале да веруваме дека е несреќа, но билбордот од другата страна воопшто не беше допрен.

Се знае која партија има насилници и криминалци во своите редови, се знае која партија ја користи власта за да се збогати и да го плаши народот. Времето на страв заврши. Оние кои палат билборди од гнев дека ги губат изборите, мора да бидат казнети од законот и правдата, но и од меѓународните набљудувачи.

Го повикуваме народот да почека уште неколку недели, изборите се ближат, насилниците си заминуваат!“ порачаа од ВРЕДИ.