ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Тешко повреден штипјанец во сообраќајка на експресниот пат А-З

Тешко повреден штипјанец во сообраќајка на експресниот пат А-З

23

Во сообраќајка која се случила вчера на експресниот пат А-З меѓу комби и камион тешко повреден е 57-годишен штипјанец.

„На 01.04.2024 во 11.27 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат А-3, кај с.Тркање, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(57) од Штип и товарно возило „ман“ со полуприколка со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(43) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Д., констатирани во болницата во Кочани“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

ПретходнаЦените на златото на највисоко ниво на сите времиња
СледнаПадна Инстаграм: Корисниците од целиот свет пријавуваат проблеми со апликацијата