ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ФОТО) Ова се двајцата тешко повредени денеска во Арачиново

(ФОТО) Ова се двајцата тешко повредени денеска во Арачиново

277

Пукањето од калашников кон градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, се случило во моментот кога тој бил во придружба на три или четири лица со кои излегол да го надгледува поплочувањето на тротоарот на главниот пат што води кон плоштадот Арачиново, пишува весникот КОХА.

Двајцата повредени се Ештреф С. и Адван. А. Над нив извршени се хируршки интервенции – првиот во болницата „Свети Наум и Охрид“, додека втората на Клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека Ибрахим бил цел на нападот.

„Цел на денешниот вооружен напад во Арачиново беше градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибраими. Во пукањето е повреден синот на неговиот возач, кој во моментов е на операција во клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“. Во меѓувреме, 39-годишниот Е.С., ранет во градниот кош, се наоѓа на лекување во болницата „Свети Наум и Охрид“ во Скопје“, изјави Тошковски за медиумите.