ПОЧЕТНА ЗАБАВА МОРА ДА ЗНАЕТЕ: Седум работи кои никогаш не треба да ги изговорите...

МОРА ДА ЗНАЕТЕ: Седум работи кои никогаш не треба да ги изговорите по сексот

187

Веројатно сте се нашле во ситуација кога за првпат сте интимни со новиот партнер, да изговорите нешто што не треба. Тоа нешто во рок од неколку секунди ја убива секоја шанса повторно да бидете интимни.

Затоа, имајте на ум дека постојат некои работи кои не би требало да се кажуваат по сексот – никогаш. Тоа се непишани правила и не е важно дали го познавате вашиот сексуален партнер со години или само неколку дена.

Првпат кога имате сексуален однос со нова личност едноставно не е време да го отворите своето срце или да се фалите за вашите освојувања или да вербализирате некои навредливи мисли кои можеби ќе ги имате по сексуалниот однос.

Овие седум работи никогаш не треба да ги кажете по водењето љубов, освен доколку не сакате целосно да ја исклучите можноста повторно да бидете интимни со истата личност.

1. „Те сакам“
Само немојте да одите по тој пат. Никогаш! Можеби не е вистина тоа што го кажувате и не размислувате јасно.

2. „Ова ми беше првпат“
Ако не се чувствувате доволно пријатно да му кажете на партнерот дека никогаш не сте имале интимен однос пред самиот секс, веројатно не треба да бидете интимни со таа личност.

3. „Не си како мојот поранешен“
Скептиците често тврдат: „Да, но тонот е важен“. Секако, начинот на кој се изразувате може да им даде сосема поинакво значење на истите зборови, но дури и ако ги изговарате тие зборови на најискрен и најелегантен начин, да бидеме јасни: никој никогаш не сака да слушне ништо за вашите поранешни партнери, особено не по секс. Само задржете ги вашите мисли за себе.

4. „Беше број Икс на мојата листа на партнери“
Никогаш не се фалете со бројот на партнери што сте ги имале.

5. „Тоа… Тоа беше…“ (плачејќи)
Дури и ако вашите следни зборови се „совршено“ или „неверојатно“ или „најдобриот секс во мојот живот“, ако се расплачете, како да сте ставиле крај на сексуалната врска.

6. „Беше многу подобро отколку што очекував“
Еве одличен начин да направите личноста покрај вас да се чувствува несоодветно, непривлечно, а можеби и малку недостојно. Ова е класичен пример на негирање. Ваквите „комплименти“ се всушност скриени навреди. Овие зборови делуваат како ментална шлаканица.

7. Апсолутно ништо
Се прашувате како можете да го направите сексот уште понепријатен отколку што често може да биде? Ајде да видиме… А да не кажете ништо? Мртва тишина по сексот. Апсолутно ништо. Пуштете го вашиот партнер да потоне во таа тишина додека се прашува што, по ѓаволите, размислувате.