ПОЧЕТНА СВЕТ ШАНСИТЕ ДА ПРЕЖИВЕАТ СЕ МАЛИ Нуркачи ќе ги бараат телата на работниците...

ШАНСИТЕ ДА ПРЕЖИВЕАТ СЕ МАЛИ Нуркачи ќе ги бараат телата на работниците што паднаа од урнатиот мост

147

Контејнерскиот брод „Дали“ под знаме на Сингапур вчера удри во еден од потпорните столбови на мостот, предизвикувајќи неколку лакови на мостот да се урнат.

Шест лица се водат за исчезнати и се претпоставува дека се мртви откако мостот Френсис Скот Ки во Балтимор се урна по удар од контејнерски брод.

Официјални лица на американската крајбрежна стража и државната полиција на Мериленд изјавија дека шансите за преживување на исчезнатите биле исклучително мали поради студената температура на водата и времето што поминало од несреќата.

Потрагата по исчезнатите е прекината и ќе продолжи во денеска во утринските часови кога се очекува во водите да влезат нуркачи , соопштија властите.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур рече дека може да потврди дека „екипажот ги известил властите за проблем со моќноста на моторот“, додавајќи дека проблемите настанале пред да удри во еден од столбовите што го потпираат мостот.

Мостот Френсис Скот Ки долг 1,6 милји е крвотокот на пристаништето Балтимор. Ја премостува реката Потапско, отворен е во 1977 година и го носи името на авторот на американската химна Star Spangled Banner. Годишно низ него минуваат 11,5 милиони возила.