ПОЧЕТНА ЗАБАВА Безалкохолното пиво е најприродна опција за рехидратација по вежбањето

Безалкохолното пиво е најприродна опција за рехидратација по вежбањето

59

Угледниот „Вашингтон Пост“ објави сторија што ќе замисли многумина кои се приврзаници на здравиот начин на живот и посетуваат вежбална за да поработат на својата кондиција, или можеби за јога, боречки вештини или некој друг спорт во природа како велосипедизам.

Имено, пивото се сметало за симбол кој ги поврзува спортистите, без оглед дали ја слават победата, ја ублажуваат „болката“ од поразот, или само се дружат по заедничкото време поминато на тренинг.Во сторијата се открива дека стручњаците велат дека безалкохолното пиво е многу подобар избор од алкохолното, па дури и од обичните спортски пијалаци.

Исто така, се цитира и научниот труд под наслов „Фит и „фатен““ на списанието „Медицина и наука во спортот и вежбањето“ (Medicine & Science in Sports & Exercise), посочува дека мажите и жените со релативно висока аеробна кондиција имаат повеќе од двапати поголема веројатност да пијат умерено, иако обилно, за разлика од оние кои не вежбаат.

Алкохолното пиво се смета за благ диуретик, што пак се смета дека е контрапродуктивно, бидејќи медицината советува после вежбањето да се надоместат загубените течности. Се наведува пример според една студија од 2016 година, според која било заклучено дека лицата што пиеле алкохолно пиво, исфрлиле и повеќе урина.

Исто така, се посочува дека алкохолот, вклучително и пивото, во умерени количини, влијае и зајакнувањето и „растот“ на мускулите преку вежбањето, но не и на перформансите. Поради тоа, истражувачите почнале да го бараат одговорот на прашањето дали всушност безалкохолното пиво е најдобрата солуција?

Еден експеримент во 2012 година бил направен со учество на 277 мажи кои биле пријавени за маратонот во Минхен. Од нив било побарано да пијат две до три кригли безалкохолно пиво, секој ден во времетраење од пет седмици (три седмици пред настапот и две седмици по настапот). Иако било побарано од испитаниците да пријават вообичаени проблеми како настинки и инфекции на горните дишни патишта, било заклучено дека во овој случај имало 3,25 пати помалку такви случаи.

„Тие придобивки им ги препишавме на полифенолите“, изјавил Давид Ниман, професор по биологија и човечки перформанси, кој бил ко-автор на студијата.

Полифенолите се сметаат за природни хемиски соединенија кои ги има во растенијата, а поседуваат анти-воспалителни својства, а воедно важат за анти-оксиданти. Нивната количина варира и зависи од сортите.

Алкохолот во пивото, веројатно го уништува ваквиот ефект, смета друг истражувач на истава тема.

„Вистина е дека фолифеноли има и во стандардното пиво, но и во безалкохолното, при што покажуваат интересни ефекти како антиоксиданти, како и резултанти во анти-воспалителниот процес. Но, алкохолот во ист момент може да доведе до рапиден пораст кај воспаленијата. Во случајот на конвенционалното пиво, бенефитите од полифенолите можат да бидат маскирани од негативните ефекти на алкохолот“, заклучува Марија П. Портилјо од Баскискиот универзитет во Шпанија, во посебна студија објавена во декември 2022 година.

Во друга студија од 2016 година, се изнесува заклучок дека ако безалкохолното пиво се конзумира 45 минути пред истоштувачки тренинг, спортистот ќе биде помалку дехидриран отколку ако пиел алкхолно пиво, додека резултатот споредено со чистата вода е приближно ист, но безалкохолното пиво победува по основ на присуството на содиум и потасиум, кои помагаат да се одржи хомеостазата на електролитите.

„Безалкохолното пиво може да биде разумен избор за пијалок по вежбањето, заради ре-хидратација“, вели Јоханес Шер, лидер на Универзитетскиот центар за превенција и спортска медицина од Цирих.

„По долгото и напорно вежбање, со него на организмот му се даваат вода, полифеноли и јагленихидрати. Тие ќе придонесат за метаболично закрепнување“, гласи мислењето на Давид Ниман, кој дополнува дека безалкохолното пиво е речиси целосно природен производ и може да се смета за здрава замена на препаратите кои се рекламираат како „спортски пијалоци“.

Сепак, предострожност е потребна бидејќи безалкохолното пиво може да има од 50 до 100 калории, а исто така има специфичен вкус што на некои луѓе не им се допаѓа. Дополнително, пенливоста и меурчињата не се најдобри придружници за време на тренинг во вежбалната, па дури можат да предизвикаат и повраќање. Сосема на крај, тие не треба да бидат охрабрувачки сигнал за потоа да се продолжи си пиењето алкохол, кое би ги уништило сите позитивни страни на вежбањето.

Извор: Трн.мк