ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ангелов: Џафери ми се јави но јас веќе кажав сѐ

Ангелов: Џафери ми се јави но јас веќе кажав сѐ

241

Талат Џафери му се јавил на Стојанче Ангелов и му кажал дека планира да го разреши.

Владата попладнево има закажано редовна седница и според информациите од таму, разрешувањето на Ангелов е една од точките на неа. Сепак, до овој момент нема информација дали Џафери успеал да собере мнозинство за разрешување лидерот на Достоинство, па владини извори велат дека постои можност, оваа точка воопшто да не се разгледува.

Позицијата директор на ЦУК на Анеглов почна да му виси на крајот на претходната недела кога и јавно објави дека го напушта бродот на СДСМ и се сели во оној на ВМРО-ДПМНЕ.