ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ОФИЦИЈАЛНО: Познати редните броеви на кандидатите за претседател – погледнете кој е...

ОФИЦИЈАЛНО: Познати редните броеви на кандидатите за претседател – погледнете кој е прв, а кој седми

173

Актуелниот претседател Стево Пендаровски ќе биде прв кандидат на гласачкото ливче за претстојните претседателски избори откако Државната изборна комисија денеска ги констатираше редните броеви на претседателските кандидати на изборното ливче за првиот круг на 24 април.

Извлекувањето беше јавно, а го спроведоа претставници на кандидатите.

Втора ќе биде кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, трет на ливчето ќе се најде Стевчо Јакимовски од ГРОМ, на позиција број четири е Бујар Османи кандидат на ДУИ, кандидатката на Левица, Билјана Ванковска Цветковска е на реден број пет, Арбен Таравари од Алијанса и Европскиот сојуз за промени е шести, додека градоначалникот на Куманово и кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски е последен на гласачкото ливче.

ПретходнаБошкоски: Коалицирањето со ВМРО-ДПМНЕ е од идеолошка причина, мене не ме прескокнал ниту еден режим!
СледнаТешка сообраќајна несреќа на патот кон Љуботен: 12 повредени меѓу кои три деца