Државната изборна комисија ќе ја спроведе ждрепката за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати за претседател на Република Северна Македонија.
Денеска ќе се одржи и ждрепката за распределба на рекламни паноа и билборди.
На седмите претседателски избори ќе се натпреваруваат: Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Арбен Таравари, Бујар Османи, Максим Димитриевски, Стевчо Јакимовски и Билјана Ванковска.