ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Жесток напад на Крим – Одекнуваат експлозии, гори на повеќе локации

(ВИДЕО) Жесток напад на Крим – Одекнуваат експлозии, гори на повеќе локации

694

Десетици експлозии вечерва одекнаа во градот Севастопол на полуостровот Крим, јавува „Украинска правда“.

Русите објавија дека системите за противвоздушна одбрана се активирани, додека каналот „Кримски Ветер Телеграма“ објави дека биле погодени неколку цели.

Еден локален жител за украинската јавна телевизија „Суспилне“ изјавил дека прво се слушнале десетина експлозии, а потоа по некое време уште четири, пренесува „index.hr“.

Медиумите известуваат дека по ударот избувнал пожар во заливот „Козача“, каде се наоѓа постојаната база на руската 810-та поморска бригада.

Оттаму додаваат дека кон локацијата се упатиле неколку противпожарни и амбулантни возила.

Се нагласува дека кај Балаклава се случила многу силна експлозија, како и дека „нешто гори во близина на аеродромот“ во Симферопол.

Михаил Развозаев, гувернерот на окупираниот Севастопол назначен од Русите, рече дека тие отфрлаат масовен напад на Севастопол.

„Според прелиминарните информации, соборени се повеќе од 10 проектили. Ракетниот напад продолжува“, напиша Развозаев.

Претходна(ВИДЕО) Предложена награда за мажот кој разоружил терористот во текот на нападот во Москва
СледнаДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ