ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Предложена награда за мажот кој разоружил терористот во текот на нападот...

(ВИДЕО) Предложена награда за мажот кој разоружил терористот во текот на нападот во Москва

496

Претседателот на Истражниот комитет, Александар Бастрикин, предложи во саботата младиот човек кој пожртвувано самоволно разоружил еден од терористите во нападот во петокот вечерта во концертната сала „Крокус Сити Хол“, во кој се убиени 140 лица а уште повеќе од стотина се ххоспитализирани.

„За време на терористичкиот напад, еден од присутните во салата покажа неспоредлива храброст. Мажот обидувајќи се да ја заштити сопругата од терористите кои пукаа во луѓето, нападна еден од нив и го неутрализираше. Со своите активни и решителни акции тој ги спасил животите на луѓето околу него во тој момент“, се вели во пораката.

Самиот човек, чие име е Михаил, изјави за ТВ каналот „Россия 24″ дека моментално решил да го нападне терористот. „Ја погледнав сопругата…. видов ужас во нејзините очи и сфатив дека мораме нешто да преземам“, вели мажот чиј идентитет не е целосно обајвен.

„Невозможно беше колебање. Само една секунда мина во размислување, по што Михаил ја турна сопругата на безбедно место а тој скокна врз терористот и со едната рака му го грабна оружјето, а со другата почна да го удира по главата“, се вели во материјалот на каналот.

Според самиот херој, терористот се обидел да побегне, но тој го држел за врат. Потоа на помош дошол друг маж кој помогнал напаѓачот да биде совладан.

„Беше ужас. Сфатив дека ако одложам, ќе ме убие и мене и мојата сопруга. Морав да го нападнам тој злосторник. Тој направи грешка што остана сам“, рече Михаил.

Руските медиуми објавија и снимка припадник од обезебедувањето во трговскиот центар ој бил во концертната сла во текот на нападот и помогнал на неколку десетици луѓе да избегаат пред напаѓачите.

На видеото може да се видите како мажот се обидува да ги смири луѓето и да спречи паника. Прво, тој контактирал преку директната „жешка линија“ со Министерството за вонредни ситуации за избор на излез а потоа повел неколку десетици луѓе врз кои терористите отвориле оган. Може да се види и како посетителите слегуваат по скалите, а обезебдувачот ја разбива блокираната врата со секира и ги изведува посетителите од салата.

Група вооружени мажи во маскирни униформи и вооружени со автоматско оружје во петокот вечерта изврши напад во концертна сала во трговскиот центар „Крокус“ во Красногорск, предградие на Москва, прво убивајќи го обезбедувањето на центарот а потоа отворајќо оган во концертната слаа. Потоа фрлиле запалливе гранати со кои предизвикале пожар кој придонесе за поголем број жртви.

Според последните информации на рускиот Истражен комитет во нападот се убиени 133 лица, меѓу кои има и десетина деца, а главната уредничка на медиумската групација „Россия сегодня“ (Русија денс“ и на телевизскиот канал RT, Маргарита Симонјан, повикувајќи се на своите извори, објави дека бројот на жртвите изнесува 143. Досега се објавени идентитетите на 50 жртви, од кои три се деца.