ПОЧЕТНА СВЕТ НАТО за можен конфликт со Русија: Дали сме подготвени, одговорот е „да“

НАТО за можен конфликт со Русија: Дали сме подготвени, одговорот е „да“

113

Шефот на Воениот комитет на НАТО, Роб Бауер изјави дека Северноатлантската алијанса е подготвена за можен конфликт со Русија.

„Дали сме подготвени, одговорот е да. Нашата главна задача е да бидеме подготвени“, рече Бауер во интервју за „Армиинформ“ на украинското Министерство за одбрана, пренесува Тасс.

„Ако тоа се случи денеска, ќе се бориме со тоа што го имаме. Секогаш е комбинација од тоа да се биде подготвен за денес и во исто време да се подобрат можностите за иднината“, изјави Бауер.

Тој посочи дека во Украина нема војници на НАТО и не се планира таму да се стационираат.

„Но, ако некоја членка на НАТО одлучи да ги стационира своите војници тука, таа мора да разбере дека ќе биде поврзана со остатокот од Алијансата“, рече Бауер, додавајќи дека еден од условите за членство на Украина во НАТО е да на нејзината територија нема воени операции.

Претходна(Видео) Кејт Мидлтон откри дека има рак
СледнаУтре е Ден на жалост во Русија, најмалку 143 загинати во масакрот во Москва