ПОЧЕТНА СВЕТ МНОГУ СИЛНО: Буквално се во околината се тресеше – Земјотрес со јачина...

МНОГУ СИЛНО: Буквално се во околината се тресеше – Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер во близина на брегот на Индонезија

2093

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска брегот на индонезискиот остров Јава, на длабочина од 10 километри, соопшти Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (БМКГ).

Епицентарот на земјотресот бил на 132 километри северно од Тубан во провинцијата Источна Јава, а не е издадено предупредување за цунами.

Според објавите на корисниците на социјалните мрежи, земјотресот бил силно почувствуван во Источна Јава, во нејзиниот главен град Сурабаја, како и во градовите во соседните провинции.

Засега нема информации за материјална штета или евентуални жртви.