ПОЧЕТНА ЗАБАВА Тони Михајловски откри дали ќе го гледаме во политика во иднина –...

Тони Михајловски откри дали ќе го гледаме во политика во иднина – неговиот одговор изненади многумина

342

Актерот Тони Михајловски, наедно и долгогодишен креатор на јавното мислење од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,синоќа објави дека уште долгои време ќе биде надвор од политиката.

Ова Михајловски го кажа додека се заблагодаруваше при врачувањето на актерската награда „Петре Прличко“ за животно дело на сцената на Велешки театар.

„Во годините што доаѓаат ќе ме гледате само на театар, телевизија, филм. Се извинувам за сите излети што во минатото сум ги направил надвор од сцената“, кажа Михајловски, пренесува СДК.

Актерот се дистанцираше партиски од ВМРО-ДПМНЕ по последните локални избори, на кои тој беше кандидат за градоначалник на Куманово. Подоцна во еден поткаст самиот алудираше дека неговата партија работела повеќе за победникот Максим Димитриевски отколку за него.