Вчера 26 – годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот 39 – годишен сопруг. Тој пак пријавил дека во домот бил физички нападнат од неговата 26 – годишна сопруга.
Во Скопје 60 – годишна жена пријавила дека вчера на подрачјето на Шуто Оризари, по претходни недоразбирања, била физички нападната од нејзиниот девер С.Ш. (66) од Скопје, кој употребил и тврд предмет.
Пак во Скопје, 51 – годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот партнер М.Т. (52) од Скопје.
45 – годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг М.К. (55) од Скопје.
За сите овие случаи се преземаат мерки за расчистување на случајот.