ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Слободан од Скопје кој е самохран дедо низ солзи: Ќе ме избркат...

Слободан од Скопје кој е самохран дедо низ солзи: Ќе ме избркат од работа зошто внуката не ја примат во градинка

1876

Скопјанецот Слободан Маџовски е самохран дедо кој единствен се грижи за својата 6 годишна внука Ана, бидејќи нејзината мајка е ставена во здравствена институција поради алкохолизам.

Маџовски сега е очаен бидејќи не може да ја испрати во градинка својата внука, бидејќи не ја примаат поради немање на трета доза на вакцина, и стравува дека поради чување на внуката ќе ја изгуби и работата и единствената егзистенција за него и за Ана.

Јас се грижам за внуката бидејќи нејзината мајка е на лечење во Бардовиц. Целиот проблем настана затоа што таа цело време бараше работа, таа е професор по македонски јазик, беше игнорирана и најде утеха во алкохолот, па сега од август е на рехабилитација, низ солзи и со воздишки раскажува Слободан за Телевизија 24 и притоа додава:

-Детето го прифатив зошто нема кој да се грижи, но во градинка ми ја одбија пред два дена. Јас одам на работа, а ако не продолжам да одам ќе ме отпуштат. А мора да одам зошто со тие пари јас ги издржувам и ќерката и внуката. Ако останам дома ќе бидеме на работ на егзистенција.

-Ние мора да го продолжиме процесот за конечна вакцинација, тоа не е спорно, но ова е траума за едно дете од 5 години што го бркат од граднинка

Јас сум човек кој прележал два рака, дури два пати ме прежалија, во живото имам многу претрпено, но нема да се предадам. Јас велам ја сум ѕверка, нема да умрам, се ќе дадам за нејзе зошто немам друг, а и таа нема друг, толку сме.