ПОЧЕТНА СВЕТ Почнаа претседателските избори во Русија

Почнаа претседателските избори во Русија

62

Првите изборни места на претседателките избори во Русија се отворени вечева во 21 часот на полуостровот Камчатка, а изборите ќе бидат завршени во недела во 19 часот во Калининград.

Гласачите ќе гласаат од петок до недела во 11 временски зони, а гласањето е организирано и во украинските региони, пренесува Спутник.

На изборите учествуваат четири кандидати:Николај Харитонов од Комунистичката партија, Леонид Случки од Либерално-демократската партија, Владислав Даванков од партијата Нови луѓе и Владимир Путин како самостоен канидат.

За изборите се подготвени повеќе од 94.000 гласачки места и отпечатени се 113,6 милиони гласачки ливчиеа, а ќе може да се гласа и по електронски пат, ако гласачот претходно се регистрирал. Централната изборна комисија ќе излезе со првите резултати на 17 март во 21 часот, а прелиминарните резултати ќе ги соопшти на 18 март утрото.

ПретходнаКулемзин: Три деца погинаа во украински напад врз Доњецк
СледнаНова опасност: Можна епидемија од морбили