ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ескобар: Македонија треба веднаш да стане членка на ЕУ

Ескобар: Македонија треба веднаш да стане членка на ЕУ

59

Македонија треба да биде полноправен кандидат и веднаш да стане членка на Европската унија.

Земјата е многу цврст партнер, билате-рално и во мулти-лате-ралните сојузи како НАТО и ОБСЕ, оваа изјава на специјалниот пратеник на САД за западен Балкан, Габриел Ескобар, на својата официјална фејсбук страница ја објави американската амбасада во Скопје.

Ескобар на брифинг во Брисел пред неговата посета на Приштина, Виена и Подгорица рече дека Вашингтон очекува и по изборите земјата да добие влада посветена на членството во алијансата и на интегрирањето во ЕУ.

-Претходната влада беше посветена на членство во НАТО и на пристапувањето во ЕУ и нашите очекувања се владата што ќе дојде по изборите да биде слично посветена на членството во нато, пристапувањето во ЕУ и на борбата против корупцијата, изјави.Тој и изрази надеж дека по изборите ќе се создаде можност да допатува во земјата, бидејќи како што нагласи за време на сегашниот престој во регионот ќе биде посветен на актуелните прашања како оние поврзани со Косово и случувањата во Црна Гора.

ПретходнаКК Чаир: Наводниот „инцидент“ е фикција на противничкиот тим, губат па измислуваат работи
Следна30 борци од Македонија загинале под украинско знаме, тврди руското МНР