ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Серија земјотреси во Црна Гора, најсилниот со јачина од 5,3 степени почувствуван...

Серија земјотреси во Црна Гора, најсилниот со јачина од 5,3 степени почувствуван и во Македонија

178

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Црна Гора во 4,06 часот по локално време, објави Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC). Нема информации дека некаде има материјална штета.

По овој земјотрес, според податоците од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, во Црна Гора се регистрирани уште триесетина помали потреси, а последниот е регистриран утрово во 7,05 часот по локално време на 15 километри североисточно од Билеќа, Босна и Херцеговина.

Длабочината на најсилниот земјотрес бил на 14 километри под земја на ненаселено место, 32 километри северозападно од Никшиќ. Во Србија земјотресот најмногу се почувствувал во околината на Нова Варош, Нови Пазар и Пожега. Земјотресот беше почувствуван и во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Македонија.

Неколку минути по првиот земјотресот во Црна Гора, во 4,14 минути утрово, потрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала имало и во Босна и Херцеговина, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Земјотресот бил на 49 километри југоисточно од Мостар и на 28 километри северозападно од Билеќа.

ПретходнаПРЕД 64 ГОДИНИ НА ДЕНЕШЕН ДЕН СЕ СЛУЧИЛ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС – Тетово и Гостивар се треселе како никогаш претходно, земјотресот одзел и човечки животи!
СледнаНенадејно почина потпретседателот на Лукоил