ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Се тресеше во Скопје и осум градови – ова се деталите од...

Се тресеше во Скопје и осум градови – ова се деталите од земјотресот кој ја погоди и Македонија

2597

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава на 14.03.2024 година во 4 часот и 06 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 247 km северозападно од Скопје, во Република Црна Гора, со Рихтерова локална магнитуда ML5.3.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот нема предизвикано значителни материјални штети. На територијата на нашата Република, земјотресот е почувствуван во северните и југозападните делови од Републиката,

– Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Охрид, Струга и Ресен со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала,

– Скопје, Куманово и Велес со интензитет од III степени според истата скала.