ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ПРЕД 64 ГОДИНИ НА ДЕНЕШЕН ДЕН СЕ СЛУЧИЛ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС – Тетово...

ПРЕД 64 ГОДИНИ НА ДЕНЕШЕН ДЕН СЕ СЛУЧИЛ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС – Тетово и Гостивар се треселе како никогаш претходно, земјотресот одзел и човечки животи!

243

Фејсбук страницата на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје објави статус во кој се потсетува на силниот земјотрес на територијата на Тетово –Гостивар на денешен ден пред 64 години.

„Потсетување на земјотресот од 12.3.1960 – Тетово – Гостивар

На 12 март 1960 година, во епицентралното подрачје Тетово – Гостивар во 11 часот и 54 минути UTC (Coordinated Universal Time), се случил земјотрес со магнитуда од 5.6 степени.

Истиот бил почувствуван со максимален интензитет од 8 степени според EMSC-98 во населените места близу до епицентарот, а со помал интензитет во останатите делови од државата и надвор од неа. Земјотресот одзел еден живот, имало повеќе повредени и истиот предизвикал бројни материјални штети“, стои во нивниот пост на Фејсбук.

ПретходнаСИ ОДИ: Внукот на Ахмети до крајот на годината се повлекува од Соравија
СледнаСерија земјотреси во Црна Гора, најсилниот со јачина од 5,3 степени почувствуван и во Македонија