ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СИ ОДИ: Внукот на Ахмети до крајот на годината се повлекува од...

СИ ОДИ: Внукот на Ахмети до крајот на годината се повлекува од Соравија

309

Внукот на Али Ахмети до крајот на годината ќе се повлече од својата компанија Тор Индустрис, фирмата која лани летото на сомнителен начин, без вложувања, го презеде бизнис центарот Соравија. Трговскиот се наоѓа во во строгиот центар на Скопје, а делот на Дрин се проценуваше на околу 30 милиони евра.
Одлуката за повлекувањето на Дрин Ахмети беше објавена вечерва преку писмено соопштение од Тор Индустрис во кое всушност се најавува преземање на компанијата од извесна фирма „Тексас американ интернешенал холдингс“.

Ова ги отвора дилемите дали со ваквото преземање всушност не се прави обид за прикривање на трагите од преземањето на Соравија имајќи пред вид дека обивнителството води предистраги и за Дрин и за Тор Индустрис?

Како што стои во соопштението, новата фирма била призната по своите иновативни и стратешки деловни операции. При тоа, во самото соопштение не се штедат пофалните зборови за внукот на Ахмети, кој се опишува како визионер во раководењето на компанијата.

ТЕЛОП ТОР „Дрин Ахмеди, извршниот директор кој беше на чело на компанијата како основач и сопственик на ‘Тор индустрис’ и кој ја водеше компанијата низ различни фази на раст и реструктуирање, ќе се повлече до крајот на годината. .. Како дел од договорот за преземање, „Тор индустрис“ ќе ги поседува сите средства кои претходно биле во сопственост на Ахмеди, обезбедувајќи континуитет и стабилност за работењето на компанијата и нејзината посветена работна сила“, стои во соопштението.

Дрин Ахмети, внук од братот на Али Ахмети, е сопственик на Тор Индустрис од 2020 година, која главно треба да се занимава со градежни проекти. Тој е косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“ која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас.

Пред нова година, Дрин беше приведен поради тоа што во неговото возило беа пронајдени на 700 парчиња пиротехнички средства.

ПретходнаВрховниот суд го потврди притворот за Александар Ѓорчевски: Одбиена жалбата на таткото на Вања
СледнаПРЕД 64 ГОДИНИ НА ДЕНЕШЕН ДЕН СЕ СЛУЧИЛ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС – Тетово и Гостивар се треселе како никогаш претходно, земјотресот одзел и човечки животи!