ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА КОЈ Е ВСУШНОСТ ВОЗАЧОТ НА ПАЛЧО, ДИМКОВСКИ? Бизнисмен од Струмица, немал криминално...

КОЈ Е ВСУШНОСТ ВОЗАЧОТ НА ПАЛЧО, ДИМКОВСКИ? Бизнисмен од Струмица, немал криминално досие и важи за семеен човек

1538

Возачот на Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за убиството на малата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, Стефан Димковски излегува на слобода. Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска побарала Димковски да биде пуштен од притвор, откако претходно три пати му беше продолжувана оваа мерка.

Сепак, во јавноста многу малку се знае за него. Освен што се знае дека е член на партијата „Десна“ чиј лидер беше Палчо, медиумите пишуваат дека тој е бизнисмен и семеен човек од Струмица каде има фирма за увоз на земјоделски репроматеријали. Јавноста не знаеше ништо за него се до моментот кога беше објавено дека тој го возел Палчо од Србија, преку Бугарија во Турција, а нема никакво криминално минато.

Кога беше приведен, тој истакна дека знаел дека го носи Палевски во болница.

На социјалните мрежи се споделуваше и фотографијата која Димковски ја објави на пат кон Турција.

Палчо пак, кој е првоосомничен за двојното убиство, се уште се наоѓа во екстрадициски притвор во Турција.

ПретходнаВо државата лани се затвориле 4.330 фирми
Следна(ВИДЕО) Напади на руско тло: Русите кои се борат на страната на Украина упаднаа пак во Русија