По утврдувањето на дневниот ред и негово дополнување со предлог законите за изменување и дополнување на законите за медиуми и за научно-истражувачката дејност, по скратена постапка, пратениците денеска го донесоа и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка.
Целта на ова законско решение е брза и ефикасна постапка во која конфискуваниот имот со правосилна судска одлука успешно ќе се продаде и ќе се овозможи враќање на криминално стекнатите средства и имот.
Собранието ги донесе и законите за Канцеларија за поврат на имот, за правда за децата, за финансиски инструменти, за проспекти и обврски за транспарентност за издавачите на хартии од вредност, како и предлогот на автентично толкување на членот 70 став (3) од Законот за градежно земјиште.
Претседателот на Собранието Јован Митрески ја прекина 148. седница, за чие продолжение ќе има дополнително известување, а Собранието продолжи да расправа по продолжението од 140. седница