Цистерна со плин излетала од пат во близина на битолското село Варашејца, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Незгодата, според регионалниот ЦУК Битола, се случила претпладнево околу 09:30 часот.
„Известени се ТППЕ Битола којашто прати четворица пожарникари со една противпожарно возило, а МВР Битола се веќе на терен. Возачот на камионот е лесно повреден и пренесен е во клиничката болница во Битола. Се чека механизација за подигнување на цистерната“, информираат од ЦУК.
Од битолската полиција за Телма информираат дека нема истекување на плин од цистерната.