ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Управата со одговор до Јакимовски – ЕВЕ што му порачаа

Управата со одговор до Јакимовски – ЕВЕ што му порачаа

1327

Управата за водење на матичните книги упати јавно извинување до градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски кој претходно денес објави дека неговиот син и снаата побарале венчаница, а добиле умреница.

Од Управата велат дека бил направен увид и утврден е пропуст.

„Административниот службеник, вработен во Управата за водење на матични книги – Подрачно одделение Скопје во краток рок ќе биде санкциониран согласно Законот за административни службеници. Јавно се извинуваме на семејството на градоначалникот на Општина Карпош г-дин Стевчо Јакимовски за немилиот настан“, велат од Управата.

Јакимовски претходно денес ја опиша ситуацијата како црн хумор, коментирајќи дека денот на нивната венчавка е впишан како ден на смртта, а младите луѓе се во шок.

ПретходнаСилувано малолетно девојче во Крива Паланка, случајот го пријавила мајката
СледнаВо државата лани се затвориле 4.330 фирми