Просечната плата во цела Србија во 2027 година ќе биде 1.400 евра. Вакво ветување даде српскиот претседател Александар Вучиќ.
Претседателот додаде дека помалку занаетчии се враќаат од странство, бидејќи потребата за нив е најголема на запад.
„Сè што се зборува за платите е вистина. Ако сè се претвори во евра, тоа е околу 1400 евра. Па, тоа е токму она што го обезбедуваме. просечната плата во декември беше 1.480 евра, а 1.400 евра ќе има во цела Србија, во 2027 година. Денеска во Памбуковица видов две жени кои се вратија од Австрија“, изјави Вучиќ.
Тој сака што повеќе млади од странство да се вратат назад во Србија.
Инаку, екс премиерот Димитар Ковачевски ветува дека во следниот мандат просечната плата ќе биде 1.000 евра, а минималната 600 евра.