ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ВМРО ги објави носителите на листи за парламентарните избори – Мицкоски и...

ВМРО ги објави носителите на листи за парламентарните избори – Мицкоски и Ковачевски влегуваат во трка за 1ИЕ

158

Мицкоски ќе ја предводи листата на пратеници во првата изборна единица, Мисајлоски во двојката, Ковачки во трајката, потпретседателот Николовски во четворката и пратеничката Дафина Стојановска во шестата изборна единица. Денеска ќе биде познат и носителот на листа во петтата изборна единица, потврди партискиот лидер. Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање оти вели изборот е ВМРО ДПМНЕ од една страна и двоецот СДСМ-ДУИ од друга.

Го повика Брисел да не го користи правото на консензус на следниот Европски Совет ако навистина сака да се донесе позитивна одлука за македонските интеграции.

Мицкоски најавува дека по преземање на власта ВМРО ДПМНЕ е подготвено да разговара со сите околу билатералните прашања со Бугарија но само ако се почитуваат Копенхашките критериуми

За екс премиерот Ковачевски стратешката цел на државата , членство во ЕУ, мора да продолжи. По изборите најавува повисоки плати, но и решение за воведување на минимална пензија.

Партиите веќе ги финализираат и листите на пратеници . Според Роковникот, најдоцна до 2-ри април на полноќ листите на кандидати треба да бидат доставени до ДИК.

ПретходнаНаместо во притвор на митинг на ДУИ – Беким Незири главен промотор на Бујар Османи
СледнаВУЧИЌ САКА ДА ГИ ВРАТИ МЛАДИТЕ ВО СРБИЈА: Вети просечна плата од 1.400 евра