ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Петровска: Законот за вработени во одбраната е според НАТО стандардите

Петровска: Законот за вработени во одбраната е според НАТО стандардите

86

Нашата заедничка заложба за раст на стандардот на вработени во одбраната, за воспоставување на еден вистински систем за управување со човечките ресурси согласно највисоките НАТО стандарди денес е реалност, порача министерката за одбрана Славјанка Петровска, објаснувајќи го новиот Закон за вработени во одбраната.

„Законот е навистина сеопфатен во креирањето на еден ефикасен систем за персонален менаџмент согласно највисоките стандарди на Алијансата, тоа опфаќа унапредувања според мерит-системот, создавање услови за развој на персонал кој ќе работи на НАТО позиции, менување на статусот на вработените од кои еден дел ќе бидат и овластени службени лица“, рече Петровска.

Во прашање е прв ваков закон што се носи во земјава од нејзиното осамостојување во 1991 година.

Меѓу можностите со кои се пофалија од Министерството за одбрана е стипендирање и вработување кадар за критичните специјалности.

Досега, одбраната се соочувала со тешкотии да вработи ваков кадар. На пример во доменот на информатиката подолг период имало позиции кои не можеле да пополнат. Огласите не биле атрактивни, затоа што вработените би се воделе како административни службеници поради што и платите не биле привлечни.

Законот нуди можност и за вработување без оглас на лица со попреченост, но и на член на семејствата на починатите што биле вработени во одбраната.

„Статусот на вработените го подобруваме и преку зголемениот пензиски стаж како и заминувањето во пензија со 80 проценти од десетте најповолни години од пензискиот стаж“, рече Петровска набројувајќи ги придобивките од новиот закон.