ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Наместо во притвор на митинг на ДУИ – Беким Незири главен промотор...

Наместо во притвор на митинг на ДУИ – Беким Незири главен промотор на Бујар Османи

86

Обвиниение ниту на повидок, тепачот во М-НАВ главен промотор на Бујар Османи како претседателски кандидат на ДУИ. Беким Незири додека го чека епилогот на обвинителите дали ќе соберат докази за кривично да го гонат, не пропушта митинг на Интегративците, а социјалните мрежи ги користи да ја промовира матичната партија.

Не не само реклама, Незири е и меѓу првите говорници во првите редови заедно со функционерите на Интегративците.

И додека Незири води изборна кампања како претседател на чаирскиот огранок на ДУИ, Обвинителството уште прибира докази за осомничените меѓу кои и функционерот на Интегративците за нападот во македонската навигација.

„Истрагата против сите осомничени продолжува. Јавнообвинителска одлука ќе биде донесена откако ќе бидат преземени сите неопходни истражни дејствија”.
Кривичен откако се корегира во одлуката, па наместо само мерки за претпазливост им одреди домашен притвор на напаѓачите во македонската навигација, за повторно, судиите на барање на обвинителството да ги пуштија на слобода. Наместо во притвор, судот им ги одзема само пасошите и им забрани да го напуштаат градот во кои живеат.

И не е само Незири помеѓу осоменичените во партиските функции на ДУИ. Рамадан Брава како третоосомничен за инцидентот што ја потресе безбедноста на македонскиот и европскиот воздушен простор, е значајна личност во скопскиот огранок на ДУИ, и има улога и како офицер во службата за општи работи во МНАВ. Овие детали се на неговиот Фејсбук профил.

Инцидентот во М-НАВ се случи на 4 јануари годинава, кога осум лица упаднаа во канцелариите на Македонска навигација на аеродромот во Скопје и нападнаа контролор на летање, откако Синдикатот на контролорите на летање се кренаа на нозе поради несоодветна селекција на кандидати на оглас за нови вработувања и обвиненија за партизација.

ПретходнаЖената која падна од тераса во Охрид била турната – кривична пријава против две лица
СледнаВМРО ги објави носителите на листи за парламентарните избори – Мицкоски и Ковачевски влегуваат во трка за 1ИЕ