Да не се заборави за никогаш да не се повтори. Македонија им оддава почит на 7.144 Евреи кои на денешен ден во 1943 година од тогашниот бугарски окупатор биле собирани за да се транспортираат на пат кон концентрациониот логор на смртта Треблинка од каде никогаш не се вратиле.
За извршување на ова масовно злосторство тајните агенти и полицијата неколку дена вршеле обемни подготовки. Недвижните имоти на Евреите бил конфискувани, а покуќнината ограбена.
Откако сите Евреи, од Скопје, Битола, Велес, Штип и од други места, биле собрани во Монополот во Скопје, на 22 март биле транспортирани во германскиот фашистички логор „Треблинка“ на територијата на Полска.
Еврејската заедница во Македонија и фондот на холокаустот на евреите од Македонија денеска одбележуваат 81 година од холокаустот. Централната комеморативна активност ќе се одржи со оддавање почит пред споменикот на депортираните евреи во кругот на поранешниот скопски монопол каде свежо цвеќе ќе положи државна делегација.